Етно Плоштад Фестивал, кој веќе трета година се одржува во Берово ги обединува традиционалната музика и танци со формите на модерен стилизиран фолклор. За време на трите фестивалски денови од 26 до 28 август 2010, посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на индивидуални уметници и групи кои изведуваат автентична фолклорна музика, но и стилизиран фолклор во сите форми: џез, фјужан, електронска музика.
Вести објавени на медиумите:
•Сител•Канал 5
•Курир
Програма на фестивалот
26 вечерен концерт поч. 20.30 часот
• Љубојна - Македонија
• Чинари - Бугарија
• Паола Блантон и Пинџур - Бразил / Македонија
• Естрела Андрачи/ Бразил
27 вечерен концерт поч. 20.30 часот
• Национален ансамбл „Танец“ - Македонија
• Синтезис - Македонија
Дневни концерти
26-27 Август 12 часот
• КУД „Димитар Беровски“ - Македонија
• КУД „Ристо Донев- Учителот“ - Македонија
• КУД „Фрула“ - Србија
• Народно читалиште „Искра“ - Бугарија
• Хор и оркестар при Здружение на Пензионери од Општина Берово
• Трубачки оркестар „Уска-Кан“ - Македонија