Хаземина „Минка“ Џонлиќ

Хаземина „Минка“ Џонлиќ е мултиинструменталистка и вокалист, која станува се позначајна фугура на словенската музичка сцена. Минка ги комбинира нејзиниот фасцинантен и вреден карактер со сите неопходни елементи за успешна музичка импровизација. Војната ја носи Минка од Градачац (Босна) во Словенија, каде пред 10 години почна да настапува со воклано-инструменталната група Вали, која и стана позната на публиката по своите активни и живи настапи со мелодии од севдалинки и ромски мелос. Нејзиниот настап ќе биде заеднички проект со Сашо Митев-кавал.
Сашо Митев

Сашо Митев - Кавалџија - Инструменталист и Вокален Исполнител, дипломиран Етномузиколог на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, моментално ги привршува Магистарските студии на Институтот за Фолклор - Марко Цепенков - Скопје (оддел - Фолклористика) на тема - КАВАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Сашо е веќе 9 години вработен во Ансамблот за Народни Песни и Игри на Македонија - ТАНЕЦ. Има настапувано на повеќе големи сцени ширум целиот свет - Австралија, Канада, САД, Европа, Русија и т.н