„Монистра“

„Монистра“ е формирана во 2002г од млади Македонци , кои преку музиката оддаваат почит на многумината анонимни уметници кои успеале да посеат семе и да го негуваат за да стане препознатливо во светот како богата и признаена македонска култура. Овие млади луѓе настапуваат со гордост и дигнитет насекаде во светот: Франција, Словенија, Србија, Хрватска, Израел, а сега имаме можност да уживаме во нивниот настап и во Берово.

Групата ја сочинуваат:
Александар Јовевски - кавал, тамбура, гајда
Филип Николовски - тамбура
Јован Стрезоски - тамбура
Марјан Андоновски - перкусии (тапан, тарабука)
Дамјан Зифовски - перкусии
Габриела Јанушевска - вокал
Борче Ѓоргиев – клавијатури